Грчка компанија ќе ја чисти депонијата со линдан во Охис

од Vladimir Zorba

Грчката компанија „Полиеко“ е ангажирана да ја исчисти малата депонија со линдан во кругот на ОХИС и опасниот отпад да го изнесе надвор од земјата. Ова вчера го обелодени министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини при набројувањето на активностите што се преземени од ова министерство во изминатите 100 дена и она што се планира во наредниот период.

Потпишан е договор со избраниот понудувач за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС и третман надвор од нашата држава, истакна Нуредини.

Договорот со „Полиеко“ го склучила Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, откако грчката фирма беше избрана на меѓународен тендер како најповолен понудувач. Теренските подготовки се во тек и се очекува санацијата на малата депонија со линдан да трае две ипол до три години. Во насока на тоа, започнат е и процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен. Наскоро треба да се знае и која технологија ќе биде користена за отстранување на опасниот инсектицид.

Слични содржини