Грчки државјани излетале со возило од Северна обиколница

од Nikola Popovski

Грчки државјани доживеале сообраќајна несреќа на автопатот Северна обиколница кај Скопје, велат од МВР.

Според полицијата, вчера рано наутро во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, кај надвозник за с.Смилковци, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.

Слични содржини