Грција: Откриено што му рекол шефот на машиновозачот пред да се случи трагедијата

од Stefanija Kuzmanovska

Само неколку зборови, кои шефот на станицата во Лариса му ги кажал на машиновозачот на патничкиот воз кој сообраќал од Атина за Солун, би можеле да бидат причината да дојде до директен судир со товарен воз кој патувал за Лариса. Во несреќата загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 90 се повредени.

Како што пренесува „Прототема“, голема е веројатноста овие зборови да биле кобни за возот со 370 патници и членови на екипажот.

„ЛАР 62, поминете низ црвеното излезно светло додека не стигнете до влезот во Неи Пори“, наводно биле зборовите на шефот на станицата во Лариса на машиновозачот кој превезувал повеќе од 350 лица во вагоните.

Инаку, Неи Пори е првата станица по Лариса.

Упатени извори велат дека „според досега објавеното, шефот на станицата ѝ рекол на полицијата дека дал наредба за промена на правецот, која системот не ја спровел“.

„Со оглед на тоа што инцидентот се случил на приближно 25 километри од железничката станица и местото на промена на пругата, доколку шефот на станицата сфатил дека возот се движи наназад, ќе наредел двата воза да застанат пред да се сретнат“, додава истиот извори.

Извори запознаени со случајот објаснуваат дека тоа најверојатно значи дека шефот на станицата, кој беше уапсен во средата напладне, не сфатил дека дал погрешна команда и го префрлил патничкиот воз на „надолнината“ линија за Атина на која товарниот воз веќе бил во движење.

Истите извори, пак, појаснуваат дека дел од одговорноста, очигледно помала, сносат и двајцата машиновозачи бидејќи се должни да разговараат меѓу себе, бидејќи возовите имаат ГПС.

Обвинет за убиство од небрежност

Набргу по апсењето на шефот на станицата во Лариса, се дозна дека тој е виновникот за несреќата и дека меѓу другото е обвинет и за убиство од небрежност (чл. 302 од КЗ), нанесување телесна повреда од невнимание ( 314 од Кривичниот законик) и опасно попречување на превоз на возила (291 од Кривичниот законик).

Слични содржини