Грција: Пожарите на четирите главни фронтови не се ставени под контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Во Грција пожарите беснеат на четири главни фронтови и се уште не се ставени под контрола – на планината Парната, во Александрополис, Дадија и Беотија.

Стотици пожарникари во Грција во текот на ноќта се обидоа да изгаснат пожари на периферијата на Атина, наредена е дополнителна евакуација, а властите предупредија на ризик од нови пожари низ земјата, пренесе „Катимерини“.

Цивилната заштита нареди евакуација на областа Ано Лиоси во северозападна Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе.

Слични содржини