Гризман ја сака „седумката“ во Барселона

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман призна дека сака да го промени бројот на својот дрес. Французинот, кој се приклучи на каталонскиот клуб минатото лето, игра со бројот 17, додека во Атлетико Мадрид го носеше бројот 7, исто како и во репрезентацијата.

– Јас би сакал да ја вратам „7“. Карантинот оди добро, но нема што да се прави. Навистина ми недостасува фудбал. Немам идеја кога натпреварите ќе продолжат, изјави Гризман.

За потсетување, минатото лето, дресот со бројот 7 во Барселона беше зафатен од Филипе Кутињо. Подоцна, Бразилецот замина на заем во Баерн Минхен.

Слични содржини