Гризман се сели во Премиер лигата? Французинот жртва на „договор“

од Vladimir Zorba

Беше икона на Атлетико Мадрид, а сега за него нема место во тимот. Сè се сврте наопаку за Антонан Гризман оваа сезона. Во првите две кола од Ла Лига на теренот мина вкупно само 56 минути. Рамномерно беше распределена минутажата на натпреварите со Хетафе и Виљареал…

Како играч на Барселона, францускиот напаѓач е на позајмица кај „јорганџиите“ и таа позајмица трае до крајот на сезоната. Прашање е дали ќе биде така. Можно е Гризман да ја напушти Шпанија и да замине во Англија.

Fichajes.net пишува дека Атлетико Мадрид е должен да го купи Гризман, доколку на повеќе од половина натпревари одигра повеќе од 30 минути и во тој случај на Барселона треба да и плати 40 милиони евра. Доколку Гризман одигра по 28 минути на двата меча, јасно е дека тренерот Диего Симеоне намерно ја дозира неговата минутажа, за да не мора Атлетико да ги плати тие 40 милиони евра. Ова покажува јасна намера да не се откупи неговиот договор.

Како и да е, Антоан Гризман е жртва на договорот за позајмица. Јасно е дека во ваквото „делење карти“ најмногу губи тој. Затоа се чини сосема логично дека сака да ја промени средината.

Според „Fichajes“, Арсенал размислува да го доведе Гризман, но во зимскиот преоден рок. Истиот извор наведува дека Гризман сака целата зделка со „топџиите“ да биде завршена до Светското првенство во Катар.

Секако дека му се брза…

Слични содржини