Грозоморни навреди кон Михајловиќ поради политички став: „Заслужуваш да имаш рак“ (фото)

од Nikola Popovski

На дел од италијанската јавност не и се допадна што Синиша Михајловиќ јавно да го поддржува лидерот на Лигата на северот, политичарот Матео Салвини, објави Спутник.

Српскиот тренер ја поддржа партијата на Салвини која се бори за власт во регионот Емилија-Ромања, во кој е сместен и градот Болоња, чиј фудбалски тим е тренер на Михајловиќ, пишува Блиц.

“Тој го има мојот глас и се надевам дека може да победи. Се сретнавме пред неколку дена. Се познаваме долго време, уште од времето во Милано. Ми се допаѓа неговата решеност, сила и борба. Матео е човек кој ќе го исполни тоа што го ветува”, изјави Михајловиќ за италијанските медиуми.

Ваквата „политичка изјава“, односно поддршката за еден политичар, не ја прифатија оние кои што се против Салвини.

Поради јавната поддршка, Михајловиќ доби голем број на грозоморни навреди, од кои највпечатлива е онаа поврзана со здравјето на српскиот тренер.

„Српски националист кој беше приврзан кон Слободан Милошевиќ и Жељко Ражнатовиќ“, „Го заслужуваш ракот“ …, се само дел од низата навредливи коментари.

Салвини и Михајловиќ се одлични пријатели. Политичарот беше еден од првите што му помогна на Србинот кога објави дека боледува од леукемија и исто така му изрази поддршка кога се врати на работа после 40-дневното лекување.

 

Слични содржини