Грција ѝ го честита Денот на независноста на С. Македонија

од Vladimir Zorba

Честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија, упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер” профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата”, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Северна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР.

Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Северна Македонија!”.

Слични содржини