Грција забранува влез преку „Евзони“ во период од 22 до 6 часот наутро

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи известува дека граничниот премин „Евзони“ од денеска нема да може да се мине од 22.00 до 06.00 часот по македонско време.

– Од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила – стои во соопштението од МВР.

Оттаму велат дека мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

Слични содржини