Груби: ДУИ е најсилната партија на Албанците, работи на исполнување на нејзината програма

од Destan Jonuzi

Првиот вицепремиер и министерот за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби за кого таканаречената „Огнена група“ во ДУИ има забелешка за начинот на практикување на власта, односно преголемата власт што ја има во владината коалиција и партија, од Струга каде што присустуваше на настан на почетокот на новата академска година на „Меѓународниот универзитет“ изјави дека: „ДУИ е најсилната партија на Албанците, и дека работи на исполнување на нејзината програма“.

„Јас немам незадоволство од ДУИ. Кои се причините за незадоволството во ДУИ? На ова прашање треба да одговорат господинот Ахмети и други. Ние сме тука да работиме, да ја спроведеме програмата, да го спроведеме сето она што им го ветивме на граѓаните и гледам дека поддршката во гласачкото тело на ДУИ е голема, како што видовте според сите анкети, ДУИ е повеќе од половина од гласачкото тело кај Албанците“, изјави меѓу другото Груби.

Д.Ј

Слични содржини