Груби: Не гледам ништо спорно во мојот ангажман во „Жолтата куќа“

Артан Груби потврди дека бил ангажиран како преведувач во „Жолтата куќа“ во Бурел, С. Албанија во 2004. година, и дека бил дел од тимот на обвинителот кој ја предводел истрагата.

Тогаш истата завршила без докази, а Груби уште еднаш потенцираше дека не гледа ништо спорно во неговиот ангажман, кој своевремено бил транспарентен.

Актуелниот прв вицепремиер, Груби демантираше дека бил повикан како сведок во Хаг во истрагата за злосторства против човештвото извршени од ОВК и во судскиот процес против водачите.

За улогата на Артан Груби со истрагите за „Жолтата куќа“, први се огласија опозиционерите од Албанија. Потпретседателот на партијата на Љуљзим Баша, Еди Палока, на прес конференција рече дека Груби бил преведувач, а не лидерот на неговата партија, како што обвинуваа од владејчаката партија на Еди Рама.

Инаку, обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи се темели токму на извештајот на Марти, а изјава за случајот беше повикан да даде и лидерто на ДУИ, Ахмети.

Слични содржини