Груби: Не го штитам газдата на „Беса транс“, Ахмети не е негов роднина

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби синоќа истакна дека одговорност за трагедијата на автопатот „Струма“ мора да има.

-Нема бегање од одговорност. Гледаме дека истрагата е динамична во Бугарија. Јас кажав и на владина седница дека ќе бараме одговорност и од фукционерите и, по извештајот, ќе има поместувања следната недела. Тој автобус поминал многупати низ границата, значи има многу коруптивни елементи во начинот на кој може таков автобус да помине пет гранични премини. Затоа треба да го раздрмаме системот со темелна истрага, рече Груби во емисијата „24 анализа“.

Тој информира дека ќе разговара со Руфат Хусеини, директорот на Државниот инспекторат за транспорт.

-Очекувам детални информации од него. Ќе видиме дали ќе го смениме, изјави Груби.

Тој истакна дека не го штити сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу.

-Нула, никогаш, не го ни познавам. Ниту било кој министер, функционер, директор. Нула поддршка или штитење. Секој ќе сноси одговорност, категоричен е Груби, притоа демантирајќи ги шпекулациите дека Хаџиу е роднина на Али Ахмети.

Слични содржини