Груби: С. Македонија ќе помогне во процесот на реформи што треба да се направат во Грузија

од Nikola Popovski

„Ми претставува голема чест денеска да остварам средба со претседателката на Грузија, г-ѓа. Саломе Зурабичвили, во име на Владата на нашата држава“, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Како што информираат од кабинетот на Груби, интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија биле една од темите на разговорот.

„Со претседателката на Грузија, г-ѓа. Саломе Зурабишвили разговаравме за билатералните односи меѓу двете земји, политичката состојба во Република Северна Македонија и Грузија, нашето искуството во патот до членството во НАТО, предизвиците на земјата во однос на членството во ЕУ, укинувањето на визниот режим и многу други политички прашања“, стои во соопштението.

Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабах исто така биле дел од разговорот меѓу првиот вицепремиер и грузиската претседателка.

„Република Северна Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат во Грузија, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури“, порачал Груби.

На средбата станало збор и за економската соработка меѓу двете земји, при што било нагласено дека само минатата година извозот бил 242.962 евра и увозот 102.803 евра, додека за следниот период има тенденции да се воспостави подлабоко бизнис партнерство.

Слични содржини