Груби во Приштина: Жените владеат

од Берта Китинска

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска учествуваше на „Women Peace Security “ во Приштина во организација на претседателството на Република Косово.

„Во овие турбулентни времиња низ кое поминуваме сега, сè уште недоволно закрепнати од последиците на пандемијата, нашето внимание и грижа веќе се насочени кон отворениот фронт на војната во Украина, каде што се темелите на континенталниот мир и безбедност, нападнати или поточно, таму каде што светскиот поредок е под закана. Кога се повторуваат вакви страшни настани, без разлика дали се случуваат блиску или далеку од нас, ние кои за жал сме поминале низ вакви слични искуства, не можеме ладнокрвно да ги гледаме овие настани како гледачи. Не е само звукот на авионите, тенковите и артилеријата што го слушаме преку медиумите, туку ова е моќен повик кој бара правда, мир, слобода и крај на уништувањето“, рече Груби во својот говор.

Тој цитирајќи ја Олбрајт напомена дека „Во пеколот има посебно место за мажите кои не им помагаат на жените“.

„Како внук на баба, како син на мајка, како сопруг на жена, како татко на две ќерки, велам дека женската чувствителност го преминува прагот на куќата, таа е универзална.Нека модифицираните зборови на нашата драга пријателка, првата жена државен секретар на Америка, г-ѓа Меделин Олбрајт, во чија чест се собравме, бидат инспирација за нас мажите, кога кажа: дека во пеколот има посебно место за секој маж кој не им помага на жените. Значи, да заклучиме, драги дами и господа, жените навистина владеат“, кажа вицепремиерот.

Слични содржини