Груевски не ја прифаќа затворската казна: „Пресудите се одредени пред почетокот на судењето“

од Nikola Popovski

Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година. Исто како и тогаш: во име на народот. Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната помеѓу спрегата власт-опозиција-судство. Само политиката има сила да го смени тоа, бидејќи таа го создава, напиша поранешниот премиер кој моментално е во бегство, Никола Груевски откако денеска беше осуден во отсуство на затворска казна од 7 години за случајот „Плацеви на Водно“.

Според него, пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето.

-Аудио снимки се прифаќаат како доказ кога им одговара на обвинителството и судот, односно на власта за да осудат некој што им е таргет, но ако истите треба да докажат дека таргетираното лице нема вина, тогаш истите не се дозволува да се изведат како докази, стои во долгото обраќање на Груевски на социјалните мрежи.

Груевски беше осуден под обвинение за проневера на 1,3 милиони евра од партијата што ја водеше и затоа што со парите купил атрактивно градежно земјиште.

Груевски доби и парична казна од 3.200 евра. Тој има право на жалба на оваа пресуда.

Никола Груевски во ноември 2018 година побегна во Унгарија за да избегне отслужување на двегодишна затворска казна во друг судски случај и веднаш доби политички азил во Будимпешта, а против него се водат уште неколку кривични постапки.

Слични содржини