Група научници го откриле најсеверниот остров на светот крај брегот на Гренланд

од desk4
Група научници велат дека на среќа го откриле најсеверниот остров на светот крај брегот на Гренланд.
Оваа година во јули група научнции отпатувале на остворовот Оодаак, познат од 1978 . Но, кога ја провериле својата позиција со данскиот службеник задолжен за регистрација на арктичките острови, тие биле 800 метри подалеку на север. Островот кој има димензии 60X30 метри е најблиската земја до Северниот пол, велат тие.
Гренланд е огромна автономна арктичка територија што припаѓа на Данска.
„Островот беше откриен за време на данско-швајцарската истражувачка експедиција, која јас ја координирав“, изјави за Би-Би-Си научниот водач Мортен Раш од Арктичката станица во Гренланд.
„Сакавме меѓу многу други работи да го посетиме островот Оодаак, кој претходно беше познат како најсеверниот остров.
Раш рече дека неговиот тим „сакал да земе примерок од островот за да бара нови видови кои се прилагодуваат на животот во оваа екстремна средина“.
„Бевме шест лица во мал хеликоптер, и кога стигнавме до положбата на островот Оодаак, не можевме да го најдеме“, рече тој, додавајќи дека мапите не се многу точни во тој дел од светот.
„Значи, ние само што започнавме да го бараме островот. По неколку многу возбудливи минути, слетавме на чуден невегетациски куп кал, наноси на морена и чакал опкружени со морски мраз од сите страни – не многу пријателско место.
„По експедицијата и многу дискусии со специјалисти на оваа тема, сега сфативме дека случајно всушност го откривме најсеверниот остров во светот.
Раш изјави дека од научна перспектива „не е голема работа“.
„Но, од лична перспектива, се разбира, некако е смешно да се биде меѓу оние шест луѓе на земјата што имале калливи чизми на најсеверната точка во светот“.
Научниците сега сакаат островот да го носи името Qeqertaq Avannarleq, што на гренландски значи „најсеверниот остров“.
Гренланд неколку пати се најде на насловните страници во последниве години, а тогашниот претседател Доналд Трамп во 2019 година сугерираше дека САД би можеле да ја купат територијата.

Слични содржини