Гуаидо: Полицијата упадна во станот на мојата сопруга

од desk4

Лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека припадници на безбедносните сили упаднале во станот на неговата сопруга, обидувајќи се да ја заплашат.

– Диктатурата мисли дека може да не заплаши, истакна Гуаидо, во говорот во кој го претстави планот на опозицијата за излез на Венецуела од економската криза.

Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, наведе дека во станот во Каракас се наоѓала и неговата 20-месечна ќерка.

Медиумите пренесуваат дека полицијата заминала брзо, откако соседите се упатиле кон станот.

Слични содржини