Ѓукановиќ: Црногорските граѓани се со Северна Македонија

од Берта Китинска

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ испрати телеграма со сочувство до претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, откако најмалку 14 лица загинаа, а повеќе се повредени во пожар во ковид-болницата во Тетово.

„Сакам да знаете дека црногорските граѓани во овие тешки времиња се заедно со пријателскиот народ на Северна Македонија. Ве моламе да пренесете најискрено сочувство на семејствата на жртвите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените“, напиша Ѓукановиќ.

Слични содржини