Гувернерот на Бејрут се расплаче: Ова е како Хирошима! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Либанскиот Бејрут беше погоден од неколку ужасни експлозии, а според информациите на локалниот Црвен крст, загинаа најмалку 70 лица.

Болниците се преполни, сите служби се вработени на терен, а целата ситуација целосно го скрши гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, кој плачеше пред новинарите.

Додека околу него можеше да се види чад и рушевини, Абуд ја спореди катастрофата со нуклеарните напади на Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

Иако се сомнева дека експлозијата се случила во магацин на експлозивни материи во пристаништето, точната причина сè уште не е позната. Абуд потврди дека избувнал пожар и дека пожарникарите кои дошле да го изгаснат тогаш исчезнале.

„Ги бараме, 10 од нив во моментот недостасуваат. Личи на се што се случи во Јапонија, Хирошима и Нагасаки. Тоа ме потсетува на тоа. Никогаш не сум видел такво уништување во целиот мој живот. Ова е национална катастрофа”, рече тој низ солзи.

Слични содржини