Гужви на границите, се чека по еден час за излез од земјава

од Nikola Popovski

Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничните премини Богородица и Табановце, за излез од државата се чека по еден час, а на Ќафасан 15 минути.

-На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, велат од АМСМ.

Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини