Гвардиола го предизвика Баерн: Ќе го викнам Меси, само кажете кога и каде сакате!

од Nikola Popovski

Баерн славеше во финалето на Светското клупско првенство против Тигрес во четвртокот со 1: 0, и со тоа го освои шестиот трофеј за една година. Сепак, уште еден тим успеа да го стори тоа – Барселона, под водство на Пеп Гвардиола во 2009 година.

Токму затоа поранешниот тренер на Баерн реши да испрати порака до клубот во кој работеше три години.

Баварците ја освоија германската Бундес лига, Лигата на шампионите, Купот на Германија, германскиот и европскиот Суперкуп, а би било интересно да се види овој тим против легендарните Каталонци.

Гвардиола работеше во Минхен од 2013 до 2016 година, а сега реши да му се обрати пред се на Ханси Флик, тренерот на Баварците.

„Му честитам на целото семејство на Баерн за овој голем успех, а најмногу на Ханси и играчите. Јас сум многу горд на нив. Но, би сакал да му кажам на Ханси дека Баерн е вториот тим кој освои шест титули за една година. Пред вас, тоа го постигна друг тим, Барселона. Може ли да ги поканам Меси и другите, за да можеме да играме за седмиот трофеј? Вие кажете кога и каде, а ние ќе дојдеме “, изјави сегашниот тренер на Манчестер Сити.

Слични содржини