Гвардиола: Клоп ја сака Премиер лигата, јас сум за ЛШ, можеме да си ги размениме трофеите

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се пошегува со предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп кој има голема желба да ја освои Премиер лигата.

-Тој сака да го освои првенството на Англија, а јас Лигата на шампионите. Можеби можеме да ги размениме трофеите, изјави Гвардиола,

Минатата сезона Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, додека Манчестер сити го зазеде првото место во Премиер лигата, пред Ливерпул.

Оваа сезона по 13 одиграни кола, Ливерпул е прв на табелата со девет бода предност пред тимот на Гвардиола.

Слични содржини