Хајди Клум во предизвикувачки фустан случајно покажа повеќе отколку што сакаше (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Славната манекенка Хајди Клум моментално се наоѓа на Неделата на висока мода во Париз.

Како и секогаш, таа на црвениот тепих привлекува внимание со оригинални креации, а за еден нејзин фустан уште долго ќе се зборува.

Станува збор за сино-црн „Валентино“ фустан кој повеќе откриваше отколку што покриваше, а до израз дојде витката фигура на манекенката.

Сепак, Хајди имаше една незгода која не остана незабележана. Имено, манекенката во еден момент додека позирала за фоторепортерите се свртела и покажала повеќе отколку што сакала.

Со оглед на тоа дека едната страна од телото ѝ беше целосно откриена, а фустанот широк, манекенката во еден момент непланирано ја покажа долната облека, а ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи.

Слични содржини