Хајредини: Идејата за измени во Законот за банки е добра, но не очекувам дека политичарите ќе им се замерат на банките

од Берта Китинска

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини го поздравува барањето за измени на Законот за банки иако остава простор за сомнеж дека истото ќе се реализира.Иако е повеќе од јасно дека на граѓаните им е особено важно да се намалат скриените трошоци, според него во ниту еден момент не смее да се заборави спрегата меѓу банкарството и политиката.

Не и одговара на ниту една влада да се замери со банките и со нивните менаџери. Банкарскиот сектор е влијателен и во политиката, бидејќи и партиите и владата преку него остваруваат разни други политички интереси, вели во интервју за „Локално“, Хајредини.

Како пример за овој условон однос тој го посочува примерот со зградата на ВМРО ДПМНЕ која е под хипотека кај едно од деловните банки. Посочува дека вакви случаи во Македонија има многу.

Илјадници објекти се дадени под хипотека кај различни банки.Ако се знае ова, замислите каква е реалната власт на тие банки да влијаат во сите финансиски, политички и економски токови во државата а особено во Македонија, објаснува Хајредини.

Партијата Левица иницира ново законско решение со кое на деловните банки ќе им се намалат провизиите и надоместоците. По повикот на премиерот Ковачевски пратениците да го разгледаат овој законот останува прашањето дали конечно ќе дојде крај на ваквата пракса а “навидум безначајните трошоци” ќе останат во буџетот на граѓаните?

Проблемот е што Левица иницира измени во законот, исклучиво заради политички цели, сакајќи да се покажат како активна партија во парламентот. Овие финансиски институции своите приходи ги остваруваат како разлика меѓу активна и пасивна камата. Другите приходи, од разни услуги и продукти, за банките не претставуваат некаква голема ставка. Сметам дека има основа за ваквата иницијатива, затоа што на граѓаните особено за посиромашните граѓани, им е особено важно овој вид трошоци да се сведат на минумум и да бидат помали процентите на таквите услуги на банките. Но тука ми се чини дека при евентуална иницијатива да се смени Законот за банки,својот конечен став ќе го има НБРМ како најодговорна институција за контрола и регулирање на банкарството во државата.

Од тука сметам дека поводот е политички.Премиерот мора така да одговори пред пратениците. Се работи за голем број ситни субјекти, граѓани кои имаат интерес, сакаат да слушнат дека ќе се намалат таквите трошоци.Да почекаме да видиме кога и како ќе изгледа таа интервенција во законот.Да не заборавиме, дека финансискиот капитал, чии носители се банките, има свое влијание во регулирање на таа материја. Да не заборавиме и дека банкарскиот сектор е влијателен и во политиката, бидејки и партиите и владата преку него остваруваат разни други политички интереси. Кога се спомена ваквата можност не беше кажано кога би имало предлог, сеуште нема временски рок за таква интервенција, туку само одговор на прашање на пратеник. Не и одговара на ниту една влада да се замери со банките и со нивните менаџери.Се остава да се заборави идејата. Ја оставам можноста премиерот и да не излезе со таков предлог. Политичарите секогаш сметаат на тоа дека народот ќе заборави.

Дали евентуалниот почеток на преговори со ЕУ, кога и да се случи тоа, значи дека оваа проблематика ќе мора да се регулира и да се воспостават европски банкарски правила?

Кога гледаме како течеле преговорите на други држави во процесот на пристапување на ЕУ и тие што ги отвориле преговорите за зачленување, гледаме дека има многу поважни работи, многу поголеми барања кои државите не можат да ги исполнат. Се работи за 80 000 страници .Ние имаме многу поважни работи за кои се надеваме дека ќе почнат да се решаваат ако почнат преговорите за влез во ЕУ.На пример очекуваме многу побрзо да се решаат проблемите со корупцијата во земјите од Западен Балкан, а не провизиите на банките.Милиони евра се трошат за корупија на луѓето од власта.

Профитабилноста на банките во 2021 г. во однос на 2020 е зголемена за над 20% , како резултат на зголемени приходи од провизии и надоместоци. Ова го наметнува заклучокот дека ниту пандемијата ниту енергетска или економска криза нема негатиовен ефект врз работата на банките.Како го објаснувате ова?

За жал никој не се истакнува да задира во интересите на банките затоа што утре самиот тој нешто ќе побара од банката. Притоа мислам на високи функциониери од кои се очекува да предложат такви мерки а не мислам на граѓаните. Лично политичарите се тие кои на пример бараат прием кај генералниот директор на банката за да завршат некоја своја работа. Еве на пример, зградата на ВМРО која е под хипотеката кај Комерцијална банка, ако траншите не се плаќаат, ќе се активира хипотеката.Такви случаи во Македонија има многу, илјадници објекти се дадени под хипотека кај различни банки.Ако се знае ова, замислите каква е реалната власт на тие банки да влијаат во сите финансиски, политички и економски токови во државата а особено во Македонија.

Анализите на приходите покажуваат дека најголем дел од нив доаѓаат од каматите што ги плаќаат граѓаните.

Освен од каматите, другите малку учествуваат во вкупните приходи на банките.Главнина на приходите е разликата во активната и пасивната каматна стапка. Провизиите се мали, во асполутен износ се незнајачни но значајни се за тие што плаќаат, а тоа се 100 000 луѓе.

И покрај тоа што во пандемската 2020 г., граѓаните масовно почнаа да користат електронско банкарство, трошоците за провизија не се намалија.Напротив, приходите за провизии се многу повисоки во 2021 што не кореспондира со начинот на плаќање.Како го коментирате овој факт?

Се согласувам, трошоците требаше да се намалат бидејќи реално, помали се трошоците на банките за нудење на тие услуги. Но иако се очекуваше , тоа не се случи бидејќи нема кој да ги притисне банките. Ова прашање го поставува партија што има двајца-тројца пратеници.Зошто не го постават големите партии? Зошто тие молчат? Нели е тоа индикативно? Со иницијативата за ставање крај на како што рекоа од партијата Левица, лихварството од страна на банките, предизвикаа, добија одговор, но не очекувам дека владата ќе излезе со предлог.Ризикувам со ова, но така е а причината ја гледам и во фактот што сите други пратеници се задолжени по банките.

К.В.С.

Слични содржини