Халанд пцуеше во интервју, па се извинуваше (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ерлинг Халанд не можеше да замисли подобро деби во Премиер лигата.

Норвежанецот ги постигна двата гола на премиерата, гостувањето на Манчестер Сити кај Вест Хем во Лондон, 0:2 (0:1).

Халанд лесно можеше да постигне хет-трик, но е задоволен од постигнатото, иако ова задоволство го искажа преку речник кој им се допадна на малкумина, особено на уредниците на „Скај“.

Тој двапати го спомна зборот „ср.ње“ за време на краткото интервју, на што новинарот го предупреди да пази на својот речник.

„Да можев да постигнам хет-трик, вистинско ср*ње, но…

Норвежанецот се извини и се насмевна, а потоа додаде: “Се беше добро. За мене беше особено важно што тато Алфи дојде на натпреварот. Тоа е момент на гордост за мене и моето семејство“.

Слични содржини