Хамас ослободи брат и сестра: Дури откако ја преминале границата добиле потресни вести

од Stefanija Kuzmanovska

Ноам и Алма Ор се брат и сестра кои беа притворени во Газа 50 дена.

Цело време размислувале како откако ќе бидат ослободени ќе ја видат својата мајка од која биле разделени на 7 октомври за време на нападот на Хамас. Но, кога Ноам (17) и Алма (13) биле ослободени во саботата, дознале дека нивната мајка е убиена.

„Мојата сестра, нивната мајка, беше убиена на 7 октомври. Децата не го знаеја тоа. Мислевме дека се киднапирани заедно, но не, тие биле разделени од самиот почеток“, рекол нивниот вујко Ахал Бесораи за Си-Ен-Ен.

„Кога ја преминаа границата и повторно ги видоа баба им и постариот брат, дознаа дека нивната мајка повеќе не е жива. Тоа беше многу трауматично за нив. Нивниот татко е исчезнат, веруваме дека е заробен во Газа“, додаде тој.

Слични содржини