Хаос на рејв журка во Франција: Млад човек остана без рака, повредени полицајци (видео)

од Nikola Popovski

Во регионот на Бретања на северо-запад од Франција, пет полицајци се повредени при кршење на голема рејв журка, додека еден посетител се здобил со сериозни повреди на раката, јавуваат локалните медиуми.

„Судирите траеја повеќе од седум часа. Молотови коктели, топки, парчиња бетонски тули и петарди летаа во правец на жандармеријата. Пет жандарми беа повредени, од кои двајца беа пренесени во болница во Редон. Во таа ситуација, 22-годишник ја загуби раката“, изјавил префектот на одделот Ил и Вилен, Емануел Бертје, објави телевизијата БФМТВ на Твитер.

Тој додал дека префектурата Рен започнала истрага со цел да се утврдат околностите на несреќата со тешко повреденото момче. Како што рече, ситуацијата е повторно мирна на местото каде што беше организирана забавата.

Според телевизијата, вкупно седум лица биле повредени – петмина припадници на жандармеријата и двајца демонстранти. Околу 1.500 луѓе присуствувале на забавата, што не било дозволено за време на пандемијата на коронавирус. Полицијата употреби солзавец како одговор на агресијата на собраните, посочува телевизијата.

Како што се наведува, забавата, односно техничкиот фестивал, требала да трае неколку дена, а информациите за тоа се ширеа на социјалните мрежи. Организаторите не го наведоа точното место на одржување, па властите во неколку префектури, вклучувајќи ги Ил и Вилен, забранија какви било собири од ваков тип.

Забавата беше организирана во спомен на жителот на Нант, Стив Меј Канис, кој исчезна на 21 јуни 2019 година, по музичкиот фестивал кога полицијата ја растера толпата на брегот на реката Лоара.

Слични содржини