ХАОС ВО БАРСА: Играчите се побунија поради платата на Меси!

од Nikola Popovski

Сагата околу Барселона и Лионел Меси трае речиси еден месец. Искусниот Аргентинец е слободен агент кој има голема желба да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб.  Речиси е постигнат нов договор со Меси, но сега се појавуваат нови проблеми.

Имено, пристигнуваат информации дека претседателот на клубот од Ноу Камп, Жоан Лапорта разговарал со Пике, Алба, Бускетс и Роберт за намалување на платата.

Ниту еден од споменатите играчи не се согласил на тоа, бидејќи, во тој случај, тие ќе добијат 40 проценти помалку пари отколку што имаат сега.

Алба дури и не сака повеќе да зборува на оваа тема, но посочува дека клубот треба да обезбеди пари за останувањето на Месија на други начини, а не како што се обидува сега – со намалување на платите на другите играчи.

Како ќе заврши оваа сага останува да видиме.

Слични содржини