Холандија: Руски авиони со часови симулираа напад врз наш брод

од Vladimir Zorba

ХОЛАНДИЈА денеска ги обвини руските борбени авиони за „опасно“ дејствување против холандски воен брод во Црното Море.

Инцидентот што се случи во четвртокот минатата недела ја вклучи фрегатата ХНЛМС Евертсен, која е дел од воздушната и поморската група на британскиот разурнувач ХМС Дефендер.

Според Москва, во средата биле испукани предупредувачки истрели кон бродот поради повреда на неговите територијални води во близина на анексираниот Крим.

Според холандското Министерство за одбрана, руските авиони „континуирано ја малтретирале“ фрегатата пет часа, додека таа била југоисточно од Крим.

Авионите „летаа опасно ниско и близу, симулирајќи напади“, додаде Министерството во соопштението, велејќи дека тие биле вооружени со бомби и ракети.

„По неколку часовно заплашување, нарушувања на електронската опрема беа забележани и во Евертсен“, додаде Министерството.

Холандскиот министер за одбрана Анк Бијлевелд-Шутен го осуди „неодговорното“ однесување и рече дека Евертсен „има целосно право да плови таму.

„Ништо не го оправдува таквото агресивно однесување што исто така го зголемува ризикот од несреќа“, рече таа.

Москва не одговори на овие изјави во вторникот.

Слични содржини