Хонг Конг пушти тунел вреден 4,6 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Нов тунел за автомобили во вредност од 4,6 милијарди долари беше отворен денеска во центарот на Хонг Конг. Според соопштението на локалните власти спроведувањето на инфраструктурниот проект одзел десет години.

Тунелот со должина 3,7 километри поминува од северниот брег на островот Хонг Конг, а делумно и по дното на морето. Тој е дел од автопат со три ленти во двете насоки долг 4,5 километри, кој цели да го олесни сообраќајот во централниот дел на мегаполисот.

Минувањето низ тунелот ќе биде бесплатно.

Објектот има уникатен систем за вентилација и прочистување на воздухот, која отстранува до 80 проценти од штетните честички во издувните гасови и е во состојба да филтрира за еден час до 5,4 милиони кубни метри воздух.

Слични содржини