ХОРОР на фудбалски натпревар во Аргентина: Самоубиство на „Монументал“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Наместо фудбалот, кој е божество во оваа земја, денес во Аргентина се зборува и пишува за трагедија. Навивач се самоуби на стадионот Монументал на натпреварот помеѓу Ривер Плата и Дефенса Хустија.

Неверување и тага на црвено-белата страна на Буенос Аирес. Навивач се самоуби. Тој од горното ниво на стадионот од трибината наречена „Сивори Алта“ скокна на долната, што е височина од 15 метри. Последиците беа трагични.

Веднаш штом публиката сфати што се случило, им стави до знаење на официјалните лица дека нешто не е во ред, по што капитените Франко Армани и Езекиел Унсаин во договор со судијата Фернандо Рапалини се согласија дека е најдобро сите да го прекинат натпреварот во 27. минута при резултат 0:0.

– Додека стигнавме до него веќе беше доцна. Станува збор за маж кој починал на лице место, кој се здобил со сериозни повреди на главата. Во прашање беше пад од височина поголема од 15 метри – изјави Алберто Кресенти, директор на Итната помош.

Еден час по трагедијата, Ривер објави соопштение за медиумите:

– Еден навивач скокнал од трибината и починал на лице место. Трибината Сивори Алта, за која починатиот гледач имаше годишен билет, беше исполнета со капацитет од 90 проценти. Во моментот на падот немало интервенција од трети лица. Потврдено е и дека на трибините немало насилство, се вели во соопштението на клубот за трагичниот настан.

Слични содржини