ХОРОР ВО ФРАНКФУРТ: Маж со нож бодел луѓе на улица

од Stefanija Kuzmanovska

Неидентификуван маж избодел неколку лица на улица во германскиот град Франкфурт, соопшти градската полиција.

Во соопштението на Твитер се вели дека напаѓачот е уапсен и дека никој не бил животно загрозен по нападот.

Полицијата не даде никакви информации за напаѓачот ниту колку вкупно луѓе се повредени, пренесе АП.

Локалната телевизија „Хесеншау“ објави дека инцидентот се случил во близина на главната железничка станица во Франкфурт, а повредените биле пренесени во блиските болници.

Слични содржини