Храна за пушачи: Намирници кои ги чистат белите дробови од токсини

Сите знаеме дека пушењето е штетно и дека може долгорочно да ги уништи белите дробови, што го зголемува ризикот од рак на белите дробови.

Unsplash

Доколку не можете да ги оставите цигарите или барем да го намалете пушењето, секако би требало да водите повеќе сметка за начинот на исхрана.

Усвојувањето на редовни здрави животни навики, вежбање и здрава исхрана ќе ви олесне не само на вас туку и на дишењето и ќе ја намали кашлицата.

Грејпфрут

Косумирање на еден до четири грејпфрути дневно го намлува ризикот од рак на респираторните органи.

Бразилски ореви

Бразилските оревчиња се полни со соли и витамин Е. тие го намалуваат ризикот од рак на белите дробови.

Лук

Антиоксидантите од лукот ги чистат белите дробови од токсини предизивикани со пушењето.

Вода

Пушачите би требало да пијат осум чаши вода дневно.

Сок од моркови

Препорака е да се консумира 300 мл сок од моркови за време на појадокот. Сокот од моркови помага при алкализирање на организмот.

Ѓумбир

Ѓумбирот ја отстранува насобраната слуз која настанува со консумирање на млечни производи, пченица и соја. Исто така, содржи и антиоксиданси кои ќе ги отстранат токсините предизвикани со пушењето.

Чај од билки

Чајот од билки ќе ги поттикне цревата да се исчистат од токсините.

Сок од брусница

Се препорачува пушачите секој ден да испијат 400 мл сок од брусница пред спиење. Овој сок ги елиминира бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.

Сок од ананас

Консумирање на 300 мл цеден сок од ананас му помага на респираторниот систем бидејќи содржи корисни антиоксиданси.

Топла вода и лимон

Исцедите два лимони во топл вода и испијте ги наутро на празен желудник.

Слични содржини