Хрватска: 223 нови случаи на инфекција со Ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа евидентирани се 223 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска достигна 1226.

Меѓу нив, 273 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 22 се на респиратор.

Пет лица починаа, пишува „Индекс.хр“.

Во моментов има 8.898 лица во самоизолација.

Слични содржини