Хрватска: 250 новозаболени, двајца починати

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 250 нови случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита, пренесе „Нова.рс“.

Во моментов има 2.108 активни случаи, вклучувајќи 300 пациенти на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор.

Во самоизолација има 8.765 лица.

Досега се тестирани вкупно 242.886 лица, од кои 5.948 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 14.279 лица, од кои 238 починале, а 11.933 се опоравиле.

Слични содржини