Хрватска: Од корона почина 32-годишна бремена жена

од Vladimir Zorba

Млада мајка почина синоќа во болницата во Вараждин, Хрватска а директорот на болницата Ненад Куделиќ вели дека состојбата во таа институција е сè уште тешка.

Куделиќ за ХРТ изјави дека во болницата во Вараждин не може да каже дека кривата е скршена и дека веќе три недели бројот на новозаразени е близу 150 и дека притисокот врз болничкиот систем е голем.

– За разлика од претходниот бран кога бевме меѓу првите во Хрватска, во овој бран заостануваме околу 10 дена од остатокот на Хрватска. Во текот на април, забележавме линеарно зголемување на хоспитализацијата на пациентите во болничкиот систем. Во последните 5-6 дена, бројот се стабилизира на 170-180, што е помалку отколку во претходниот бран, но клиничките слики се многу потешки – рече тој, додавајќи дека имало помалку луѓе на респиратор во претходните бранови.

Тој исто така рече дека 32-годишна бремена жена која успеале да ја породат, починала во текот на ноќта.

Починала поради компликации, односно тешка пневмонија.

– Просечната возраст на оние кои се лекуваат на одделот за интензивна нега е намалена за 10-15 години – рече Куделиќ и додаде дека причината веројатно е тројна – првата е тоа што починаа голем број стари лица, втората е вакцинацијата на тој дел од популацијата, а третиот е друг вид на вирус што предизвикува потешки клинички слики и кај помлади лица.

Слични содржини