И денес пеколни горештини, температура до 41 степен

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, известуваат од УХМР. УВ индексот ќе биде 10.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Се уште важат препораките на Владата. Се препорачува бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа.

Детските градинки да го организираат работното време од 07.00 до 17.00 часот, а децата да не се изнесуваат на отворено по 11.00 часот. Мерките ќе важат од 13 до 16 јули, а доколку има потреба ќе бидат и продолжени.

-Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, велат од Владата.

Слични содржини