И Холивуд денес слави Божиќ: Ова се најпознатите православци меѓу светските ѕвезди

од Nikola Popovski

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, 25 декември. Оние кои не го прават тоа, главно се атеисти, а само неколку од нив го слават православниот Божиќ кој се слави денес.

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Роден е како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Манекенката Наоми Кембел станала верник во Руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Кога по вторпат се оженил со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен христијанин. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е Гркинка, по потекло од Албанија.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло. Таа е дел од четврта генерација иселеници од Ерменија, а нејзините предци живееле на територија која денес се наоѓа во Турција.

Актерот Кристијан Бејл тргнал по стапките на Том Хенкс и ја променил верата поради љубовта кон манекенката со српско потекло Сиби (Сандра) Блажиќ.

Православната вера ја прифатил по бракот со Сиби, во 2000 година.

Фото: EPA/EFE

Слични содржини