Холивудската актерка Хале Бери е во одлична форма, а неодамна на доделувањето на наградите „Матрикс“ го покажа своето извајано тело во неодоливо сако-фустан.
Хале смело ја понесе креацијата која е хит оваа сезона, а која на моменти се закануваше да и ги открие најинтимните длови од телото.
https://instagram.com/p/BiAsuLJF5Mt/?utm_source=ig_embed
Делуваше лежерно и опуштено, а за своите досегашни ангажмани во филмската индустрија доби специјално признание од здружението “New York Women in Communications”.
Иако актерката го најави следниот проект, трилерот кој го подготвува, многу повеќе внимание и е посветено на нејзиниот изглед. Познато е дека таа е дијабетичар и дека води сметка за исхрана, а на својот Инстаграм налог објави и интересна снимла од еден тренинг. Со толку напор, не чуди нејзиниот одличен изглед.