И ѕвезда и хуманитарец: Ријана донираше голема сума за заболените од коронавирус

од Elena Daskalova

Пејачката Ријана одлучила да донира сума од 5 милиони долари за борбата против болеста ковид-19, преку својата хуманитарна фондација „Клара Лајонел“.

Дел од овие пари се наменети за истражување на вирусот, како во САД така и во други делови од светот, а исто така и за набавка за медицинска опрема, а дел се пренасочува за храна и вода за жителите на Хаити и Малави.

Пандемијата на коронавирусот го зафати светот и уште трае, со секојдневно регистрирање на зголемен број заболени на глобално ниво, како и смртни случаи како последица на ковид-19.

Слични содржини