Иако не е многу богат, Конор МекГрегор размислува да го купи Манчестер Јунајтед

од Nikola Popovski

Добро познатиот ММА борец Конор МекГрегор ги прашал неговите следбеници на социјалните мрежи што мислат за тоа тој да купи фудбалски клуб и тоа не било кој, туку Манчестер Јунајтед, користејќи го хаосот што владееше во претходните три дена поради Европската Суперлига.

Јунајтед во вторникот вечерта остана без потпретседателот Ед Вудворд, но и без натпревари во Суперлигата.

„Еј луѓе, размислувам да го купам Манчестер Јунајтед! Што мислите за тоа? “, прашал МекГрегор.

Тој е богат, но не е толку многу. Се бори во УФЦ од 2013 година и се стекна со светска слава во октагонот и пошироко, со бројни профитабилни спонзорства.

Според Форбс, неговиот бренд виски вреди 48 милиони долари, борбите во октагон му донеле 122 милиони долари, а тој имаше и скапа борба со Флојд Мејведер во рингот во 2017 година.

Ако сега би се збогувал со спортовите УФЦ и ММА, МекГрегор би имал на располагање околу 252 милиони долари, па можеби не би можел да купи гигант од профилот на Јунајтед, но сигурно може да даде интересна понуда.

Слични содржини