Идеја за брз ручек од три состојки: готов за 15 минути, со незаборавен вкус

од Vladimir Zorba

Тестенините со домати и лук потсетуваат на брегот, мирисот на море и маслиново масло, брзо се подготвуваат и имаат уникатен вкус.

За да ги подготвите овие тестенини ќе ви треба многу малку време, а состојките се многу малку, па овој рецепт сигурно ќе стане дел од вашето редовно домашно мени.

Состојки:

– 2 конзерви домати
– 3 чешниња лук
– маслиново масло
– босилек, сол, бибер
– Пармезан по желба
– кесичка тестенини што ја сакате

Подготовка:

На маслиново масло пропржете ситно сечкан лук, па додадете ги доматите. Најдобро е веднаш да купите конзервирани сецкани домати. Доколку не сте нашле, доматите кои се на парчиња исечкајте ги на ситни коцки.

Често мешајте го сосот, нема потреба да се готви долго. На крајот зачинете го сосот со босилек, бибер и сол.

Во меѓувреме во солена вода сварете шпагети или тестенини по ваш избор. Готовите тестенини префрлете ги во тавата каде што сте го зготвиле сосот, а потоа варете ги тестенините и сосот заедно малку со постојано мешање.

На крајот послужете со пармезан, кој ако го имате во парче, исечете го на тенки листови и послужете со тестенини.

Ќе добиете примеси на Медитеранот ако со ручекот послужите маслинки и фета сирење.

На здравје!

Слични содржини