ИДФ и Шин Бет: Терористи убиени во текот на ноќта планирале напади врз израелски цивили

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и разузнавачката служба Шин Бет денеска објавија дека голем број од, како што ги опиша, „терористи убиени во текот на ноќта“ на Западниот Брег, планирале напади врз израелски цивили и војска.

Се додава дека израелските сили нападнале „терористичко засолниште“ во бегалски камп во близина на Наблус на Западниот Брег, пишува The Times of Israel.

Како што е наведено, меѓу убиените е и Мухамед Захад, за кој се вели дека е „висок терорист“ од Наблус вклучен во голем број вооружени напади врз Израел, вклучително и нападот во април во Ерусалим, кога беа ранети двајца Израелци.

Слични содржини