Илиевски за назначувањето во ЗОО Скопје: Не сум бил член на ГРОМ, магистер сум по економија

од Vladimir Zorba

Во писменото обраќање до медиумите на Драган Илиевски, новиот директор на Зоолошката градина во Скопје посочува дека не е член на ниту една партија и дека професионално ќе си ја врши својата работа.

„Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа.

Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.

Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на Град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени“, вели во писмената изјава Илиевски.

Слични содржини