„Илинден е важен ден за С. Македонија и Бугарија“

од Vladimir Zorba

„Илинден е важен ден за С. Македонија и нашите соседи во Бугарија“. Ова го изјави министерот за надворешни работи на земјава, Бујар Османи во видео обраќање.

„За жал, во минатото, и често во сегашноста, честопати тоа беше извор на раздор и несогласување, а не обединувачка точка“, рече тој.

„Во денешниот модерен контекст, наша должност е да го сториме токму тоа – точка што ќе не поврзе, празник што ќе не обедини, историски настан преку кој ќе покажеме меѓусебно почитување и меѓусебно признавање. Изразувајќи почит кон различностите, за различните гледишта за историските текови, денес сме посветени на создавање модерни општествени трендови кои ќе обезбедат заедничка иднина за граѓаните на двете земји“, рече шефот на македонската дипломатија.

Според него, преку засилена секторска соработка, им овозможуваме на граѓаните, деловните субјекти, луѓето од културата и сите други општествени чинители да ги подобрат меѓусебните односи, без оглед на политичките разлики.

„Во исто време, преку работата на заедничката комисија, ќе продолжиме да ги бараме точките што не поврзуваат, елиминирајќи ги разликите што не држат разделени“, рече Османи.

„Ние“, рече македонскиот министер за надворешни работи, „изразуваме јасна волја – во социјална, правна, па дури и уставна смисла – да им дадеме на сите оние граѓани на Северна Македонија, кои се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно изразување на оваа волја, додека ние ќе ги почитуваме нивните различни ставови за заедничката историја“.

Слични содржини