Внатрешноста на збришаниот од лавината хотел во Италија
Планинската спасувачка служба соопшти дека загинатите во затрупаните вчера хотел “Ригопиано ди Фариндола” се “многу повеќе”, но во моментот недостасуваат конкретни податоци. Недостасува информации и што е со состојбата на тројцата луѓе кои биле во бегство од лавината.
Според соопштението на италијанската цивилна заштита бројот и идентитетот на загинатите ќе бидат привремено во тајност од почит кон нивните блиски. Веќе е јасно барем дека во хотелот имало 20 гости и 7 вработени, кога зградата била погодена од снежната лавина.
Потсетуваме дека вчера лавината го затрупа малиот хотел Абруцо, во централниот дел на Италија, по серијата земјотреси во областа. Спасувачките екипи пристигнале веднаш, но спасувачките операции на вадење на гостите беа одложени поради неповолните временски услови, јави АФП
Спасувачката операција продолжува.