Инспектори од целата држава со петиција против разрешување на Пауновски

од Andreja Salpe

Телма објави дека инспектори од целата држава се на пат на кај Скопје и бараат прием кај премиерот Заев. Тие потпишуваат петиција да не биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, а и не исклучуваат протести против разрешувањето.

Тие изненадени од изјавата на Заев, велат дека во историјата на Инспекторатот немало толку успешен директор, откако претходно Пауновски одби да прими нови 35 вработувања по рамковен договор.

Пауновски претходно изјави за медиумите дека и по цена да биде разрешен од директорското место, нема да отстапи од одлуката дека нема да ги прифати рамковните вработувања со образложение дека тие лица сакаат канцелариска работа, а не теренска каква што предвидува неговиот Инспекторат, а повеќето од нив немаат соодветно образование.

Слични содржини