Instagram е апликација што споделува најмногу кориснички податоци со други компании

од Stefanija Kuzmanovska

Според компанијата „pCloud“, која се занимава со складирање во облак, Instagram е најинвазивната апликација. Посочено е дека Instagram споделува дури 79 проценти од личните податоци на корисниците со надворешни компании, а тоа вклучува купување, лични податоци и историја на пребарување.

Instagram, исто така, користи 86% од корисничките податоци за да продава повеќе производи од групацијата Facebook и да доставува релевантни реклами од други компании. На второто место на оваа листа е Facebook. Од друга страна, постојат апликации, како што се Signal, Clubhouse и Netflix, кои не споделуваат кориснички податоци и не ги користат за маркетинг цели.

pCloud ја заснова својата анализа врз податоците од новата политика за приватност на App Store, а истражувањата покажуваат дека Instagram и Facebook споделуваат најмногу кориснички податоци со надворешни компании, а исто така ги користат и за сопствени маркетинг цели.

Според овој извештај, Signal, Netflix, Clubhouse, Skype, Microsoft Teams и Google Classroom воопшто не собираат податоци, што ги прави најбезбедни апликации на App Store. Исто така, апликациите BIGO, LIVE и Likke се наведени меѓу 20-те најбезбедни и собираат само два процента од личните податоци на корисниците.

Како што споменавме, Instagram споделува 79% од податоците со други компании и користи 86% од податоците за потребите на маркетингот на групацијата. Facebook е на второто место, споделувајќи 56 проценти од податоците со други компании. LinkedIn и Uber Eats се наведени за споделување на 50% од податоците со надворешни компании, додека YouTube испраќа 42% од податоците на други компании.

Конечно, тука е и eBay, за кој pCloud тврди дека следи и продава 40% од личните информации на корисниците.

Интересно, Amazon се најде многу ниско на оваа листа, со минимално следење за сопствените потреби за маркетинг, а компанијата не споделува податоци со други.

Слични содржини