Интер најде заменик на Икарди

од Vladimir Zorba

Интер е се поблиску до привлекување на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез. 20-годишниот младински репрезентативец на „гаучосите“ не ја крие желбата да го облече сино-црниот дрес, а претседателот на Расинг Клуб, Виктор Бланко призна дека веќе е постигнат договор со италијанскиот гигант и трансферот наскоро ќе стане факт.

„Лаутаро сака да премине во Интер, а за нас е важно да се направи така што тој ќе биде среќен. Во моментов преговараме за тоа кој процент од неговиот евентуален трансфер ќе го добиеме. Мартинез ќе има откупна клаузула од минимум 110 милиони евра, што значи дека по некое време, Расинг може да смета на многу сериозен приход, ако Интер го продаде“, прокоментира Бланко.

Слични содржини