Интервју со Вердо: Прагматизмот е потребен ако сакаме да постигнеме иднина без чад

од Vladimir Zorba

„Свесен сум дека откажувањето од цигарите секогаш ќе има значајно влијание, имајќи предвид дека имаме земји каде 40% од возрасната популација консумира цигари, а тоа може да го отежне нашето патување кон свет без чад. Но, оваа цел е како слетувањето на Месечината, нешто претходно недостижно, сега е достижно, и верувам дека ќе го направиме истото со отстранување на цигарите од употреба засекогаш“, рече Грегоар Вердо, сениор потпретседателот за екстерни работи во Филип Морис Интернешнл (PMI) во интервју за „Локално“ на Technovation, конференција организирана во Нешател (Швајцарија), во центарот за истражување и развој на PMI.

Дали мислите дека целта за свет без чад е остварлива во следните 10 години, и кој е губитник, а кој е победник во таа реалност?

-Ова прашање е интересно. Како што знаете, целта на нашата компанија е до 2030 година, две третини од нашиот приход да доаѓа од производи без чад. Трансформацијата на Philip Morris International за свет без чад стана препознатлива и за која се зборува, но за да се постигне тоа ни треба ресетирање на моментната ситуација. За почеток треба да им се објасни процесот на трансформацијата на тутунската индустрија на целокупната јавност и владите, проследена со соодветна регулатива за овие производи.

Грегоар Вердо

Грегоар Вердо

Во оваа област се соочуваме со проблеми, како што е создавањето на црн пазар каде што може да се најдат секакви производи. Треба да бидеме многу внимателни, а владите не треба да вршат преголем притисок на легалните пазари на цигари и уреди, за да не ги принудува луѓето да ги купуваат нивните производи на црниот пазар.
Потребен ни е и конструктивен дијалог, заснован на наука, а не на дезинформации и предрасуди.
Ако сето ова се менаџира правилно, ако постои вистинска политичка волја, а целата заедница е посветена на истото, тогаш би можеле да ја запреме продажбата и конзумирањето цигари. Ова е остварливо.

Кои мислите дека се најдобрите аргументи за регулација на овие производи?

-Досега разговараме со прагматични влади, а владите во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажаа делумна практичност. Прагматизмот се однесува на една точка, а тоа е: Дали верувате дека 100% од луѓето можат да престанат да консумираат цигари? Ако верувате дека тоа е можно, тогаш можеме да разговараме, бидејќи веруваме во тоа. И во моментот кога се трудите да ја постигнете таа цел, веќе сте во прагматичната зона. Имаме земји од Централна, Југоисточна и Источна Европа каде што има огромна застапеност на пушење, а во исто време имаме алтернативни производи кои се многу добро решение за цигарите. Имаме производи кои се најдобри во својата класа, а во исто време со овие производи драстично ја минимизираме штетата предизвикана од цигарите. Најдоброто решение е јасно да се каже дека луѓето не треба да пушат и тоа ќе биде апсолутна согласност од сите страни. Затоа секогаш велиме – Не почнувајте да пушите, а ако сте почнале, откажете се од цигарите. Но, ако не се откажете од него, треба да се префрлите на помалку штетни алтернативни производи. Сметаме дека ова е најбрзиот начин да се реши проблемот со пушењето, бидејќи е очигледно дека само традиционалните мерки не се доволни. Светската здравствена организација го спроведува само овој пристап на нулта толеранција, а прашањето е што е направено? Дури и по 40 години од спроведувањето на истиот непрагматичен пристап „откажи или умри“, сè уште имаме 1,1 милијарда возрасни активни пушачи во светот. Кога се достапни иновации и нови алтернативи, треба да се обидеме да предложиме нешто добро и да се движиме кон подобар свет без чад.

Гледам дека користите ILUMA. На нашиот пазар познавам луѓе кои користат IQOS и од минатата недела имаат можност да го пробаат овој нов производ. Ккаво е искуството на корисниците од другите пазари кои имаат ILUMA подолго од ние во Македонија?

-Комерцијалните бројки или вистинските статистички податоци потврдуваат дека корисниците ширум светот ја претпочитаат ILUMA отколку постарата верзија на IQOS, бидејќи нуди напредно искуство на потрошувачите. Тоа е производ кој стана огромен успех за компанијата и мислам дека ова е најдобриот производ во својата класа бидејќи има вистински вкус на тутун, се консумира на подобар начин без согорување на тутун, но без потреба од чистење и непријатен мирис, кои беа главниот проблем во претходната верзија на овој уред. И јас зборувам за ова искуство не како претставник на PMI, туку од гледна точка на потрошувач, поранешен пушач кој повеќе не пуши цигари. Искрено најдов многу задоволително искуство со новиот уред и мислам дека карактеристиките на ILUMA се значително подобрени на неколку фронтови, вклучувајќи го и регулаторниот.

Редакција Локално

Слични содржини